ВЛАДАТА ГО ПОВЛЕЧЕ ПРЕДЛОГ-ЗАКОНОТ ЗА РЕКЛАМИРАЊЕ ВО МЕДИУМИТЕ

a:1:{s:9:"td_source";s:24:"Скопје,(МЕТА)

    ВЛАДАТА ГО ПОВЛЕЧЕ ПРЕДЛОГ-ЗАКОНОТ ЗА РЕКЛАМИРАЊЕ ВО МЕДИУМИТЕ

    Владата го повлече од собраниска процедура предлог-законот за информативни и рекламни кампањи на јавните институции. Одлуката е донесена на денешната владина седница и службено го известила претседателот на Собранието Трајко Вељаноски.

    „Владата на Република Македонија на седницата, одржана на 25.08.2016 година заклучи да се повлече од собраниска постапка Предлог-законот за информативни и рекламни кампањи на јавните институции“, стои во документот од Владата потпишан од вицепремиерот Никола Тодоров.

    Предлог-законот денеска требаше, но не беше ставен на дневен ред на седница на Собранието, бидејќи немало овластен предлагач. Предлог-законот во собранска процедура беше ставено пред неколку дена. Опозициската СДСМ обвини дека со овој закон Владата сака да ја озакони корупцијата во медиумите и најави дека ќе поднесе 500 амандмани на предлог-законот.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира