На денешната седница, Владата донесе заклучок до Собранието да го достави предлогот за Јавен обвинител да го именува Љубомир Јовески, соопштија од владиниот Сектор за односи со јавноста.
„Владата на Република Македонија оваа одлука, освен врз основа на професионалната биографија на Љубомир Јовевски, ја донесе и врз основа на позитивното мислење на Советот на јавните обвинители“, се вели во соопштението.
Љубомир Јовески е член на Советот на јавните обвинители на Република Македонија. Марко Зврлевски беше разрешен на 17 август.