ВЛАДАТА ГО РАЗРЕШИ АЛЕКСАНДАР ДОНЕВ, ДИРЕКТОРОТ НА АГЕНЦИЈАТА ЗА ТУРИЗАМ КОЈ ЛЕТАШЕ СО БИЗНИС КЛАСА ДО АРГЕНТИНА

    ВЛАДАТА ГО РАЗРЕШИ АЛЕКСАНДАР ДОНЕВ, ДИРЕКТОРОТ НА АГЕНЦИЈАТА ЗА ТУРИЗАМ КОЈ ЛЕТАШЕ СО БИЗНИС КЛАСА ДО АРГЕНТИНАВо ноември, Донев за САКАМДАКАЖАМ.МК кажа дека летал до Аргентина со бизнис класа оти летот бил долг повеќе од 17 часа.

    Владата на денешната седница го разреши директорот на Агенцијата за туризам Александар Донев, кој во октомври минатата година леташе со бизнис класа до Аргентина на Светскиот самит за авантуристички патувања.

    Во ноември, тој за САКАМДАКАЖАМ.МК кажа дека летал до Аргентина со бизнис класа оти летот бил долг повеќе од 17 часа, а на самитот имал голем број состаноци. Рече и дека авионската карта до Аргентина во бизнис класа била 30 отсто поскапа од онаа во економска класа, односно економска класа чинела околу 180.000 денари, а бизнис околу 220.000 денари.

    Донев, пред да стане директор во Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот, беше претседател на здружение за промоција и поддршка на одржлив туризам и одговорни активности во природа „Мастсидонија“ (Mustseedonia) и консултант на повеќе меѓународни проекти за туризам.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира