ВЛАДАТА ГО РАЗРЕШИ СТОЈКО ПАУНОВСКИ ОД ДИРЕКТОРСКОТО МЕСТО, ПОРАДИ НЕПРОФЕСИОНАЛНО ОДНЕСУВАЊЕ

    ВЛАДАТА ГО РАЗРЕШИ СТОЈКО ПАУНОВСКИ ОД ДИРЕКТОРСКОТО МЕСТО, ПОРАДИ НЕПРОФЕСИОНАЛНО ОДНЕСУВАЊЕПауновски кажа дека решенијата на 35-темина рамковни административци неквалификувани според него за инспектори, нема никогаш да ги потпише (Фото: СДК.МК)

    Владата на денешната седница поради непрофесионално однесување го разреши директорот на Државниот пазарен инспекторат, Стојко Пауновски.

    „Согласно член 10, став 1 од Законот за Државен пазарен инспекторат (ДПИ) според кој Владата го именува и разрешува директорот на ДПИ, на денешната седница Владата го разреши Стојко Пауновски од функцијата директор на ДПИ, поради неговото непрофесионално однесување. Оваа консензуално донесена одлука е донесена според Кодексот за етичко однесување за членовите на Владата и носителите на јавни функции именувани од страна на владата и според законот за Државен пазарен инспекторат“, соопшти Владата.

    Премиерот Зоран Заев впрочем тоа и го најави, откако Пауновски јавно се спротивстави на притисокот да прими на работа во Инспекторатот, 35 административци примени по Рамковниот договор, кои над 10 години воопшто не одат на работа. Кажа дека нема да ги потпише тие решенија за работа, по цена и да биде разрешен од функцијата.

    Пауновски прецизно кажа дека едноставно не може да им најде работа на сите 35 рамковни вработени, заради немање соодветни квалификации. Тој побара инспектори за на терен, а не да му трупа некој административни службеници за в канцеларии. Според Пауновски, само 12-мина од тие 35 луѓе биле со соодветни квалификации за звање пазарен инспектор.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира