ВЛАДАТА ГО РАЗРЕШИ ВЕЛКОВСКИ, НЕМА ИМЕ ЗА НОВ ДИРЕКТОР НА БИРОТО ЗА ЈАВНА БЕЗБЕДНОСТ

    ВЛАДАТА ГО РАЗРЕШИ ВЕЛКОВСКИ, НЕМА ИМЕ ЗА НОВ ДИРЕКТОР НА БИРОТО ЗА ЈАВНА БЕЗБЕДНОСТОдлука за именување нов директор на БЈБ нема, а до изборот на нов со неа ќе раководи заменик-директорот Бесир Деари(Фото: СДК.МК)

    Владата денеска го разреши директорот на Бирото за јавна безбедност (БЈБ) Лазе Велковски. Одлука за именување нов директор на БЈБ нема. До изборот на нов директор на БЈБ, со неа ќе раководи заменик -директорот Бесир Деари.

    Владини извори изјавија дека бил прифатен предлогот на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски за разрешување. Предлогот беше поднесен од Спасовски откако внатрешната истрага утврдила дека Велковски службеното возило го користел во приватни цели за превезување на членови на фамилијата надвор од Македонија.

    „Директорот на Бирото на јавна безбедност (БЈБ) Лазе Велковски е голем професионалец, но тој направил грешка, исправен пред заканите што од минатото биле насочени кон него и кон неговото семејство. Нема тука меѓупартиска пресметка“, изјави завчера премиерот Зоран Заев.

    Премиерот Заев очекува Велковски и по разрешувањето да остане во МВР.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира