ВЛАДАТА ИМ ДОДЕЛИ КНИГИ НА МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК НА УЧЕНИЦИТЕ ОД МАЛА ПРЕСПА

    ВЛАДАТА ИМ ДОДЕЛИ КНИГИ НА МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК НА УЧЕНИЦИТЕ ОД МАЛА ПРЕСПАПремиерот Зоран Заев на заедничкото основно и средно училиште „Митре Колефски и Трајан Ѓоргијовски“.(Фото: Влада)

    Основното и средното училиште на македонски јазик во Мала Преспа денеска добија книги од Владата. При посетата на премиерот Зоран Заев на заедничкото основно и средно училиште „Митре Колефски и Трајан Ѓоргијовски“ беа доделени одреден број книги од кодификаторот на современиот македонски јазик Блаже Конески, како и одреден број учебници кои можат да претставуваат дополнување на наставата.

    „Македонците кои живеат во пријателска Албанија претставуваат неизоставна нишка во поврзувањето на двата народа и Владата на Северна Македонија на соодветен начин ќе помогне во повеќе сегменти од секојдневниот живот на месното население вклучувајќи ја и поддршката во образовниот процес на македонски јазик“, рече Заев, кој најави дека догодина ќе започне постапката за отворање на почесен Конзулат во Корча.

    Заедничкото училиште е реновирано со поддршка на Владата како резултат на заклучоците на заедничката седница со Владата на Албанија што се одржа во Поградец во 2018 година.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира