ВЛАДАТА ЈА ЗАМРЗНА ЦЕНАТА И НА КРАСТАВИЦИТЕ, КРОМИДОТ, КАРФИОЛОТ И УШТЕ 8 ДРУГИ ВИДОВИ НА ЗЕЛЕНЧУК И ОВОШЈЕ

    ВЛАДАТА ЈА ЗАМРЗНА ЦЕНАТА И НА КРАСТАВИЦИТЕ, КРОМИДОТ, КАРФИОЛОТ И УШТЕ 8 ДРУГИ ВИДОВИ НА ЗЕЛЕНЧУК И ОВОШЈЕСвежите домати ќе чинат максимум 70 денари со одлуката на Владата. (Фото: СДК.МК)

    Владата денеска донесе одлука со која се замрзнуваат цените на 11 видови овошје и зеленчук, кажа министерот за економија Крешник Бектеши на прес-конференција. Со одлуката се опфатени доматите, краставиците, кромидот, карфиолот, пиперот, гравот, леќата, бананите, портокалите, мандарините и лимонот, а ќе важи од 5 април до крајот на месецов.

    Како што кажа Бектеши на денешната прес-конференција, свежите домати ќе чинат максимум 70 денари, краставиците 75, кромидот 60, карфиолот 70, пиперот 90, гравот 75, леќата 110, бананите 70, портокалите 55, мандарините 60 и лимонот 55 денари.

    „Ги уверувам граѓаните дека согласно сите анализи, цените, посебно на прехранбените производи и енергенсите, целосно се стабилизирани и имаат надолен тренд, на намалување“, рече Бектеши, додавајќи дека сепак треба да се причекаат официјалните податоци од Државниот завод за статистика, кои треба да се објават на 7 април.

    Тој вели дека анализите покажале дека за овие производи имало големи маржи кои во март достигнале дури 200 – 250 отсто.

    Претходно, Владата ги замрзна цените на лебот, тестенините, млекото и јајцата.

    На истата прес-конференција, директорот на Државниот пазарен инспекторат Горан Трајковски кажа дека од донесувањето на првата владина одлука која се однесува на ограничување на маржата од 5-10% заклучно со последната Одлука, извршени се над 1.800 надзори и издадени се над 20 прекршочни платни налози во вредност од над 2,5 милиони денари.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира