ВЛАДАТА ЈА ЗАПРЕ РАСПРЕДЕЛБАТА НА 850-ТЕ ИЛЈАДИ ЕВРА ШТО ГИ ПОТПИША ТОДОРОВ ЗА ДЕСОРОСОИЗАЦИЈА

    ВЛАДАТА ЈА ЗАПРЕ РАСПРЕДЕЛБАТА НА 850-ТЕ ИЛЈАДИ ЕВРА ШТО ГИ ПОТПИША ТОДОРОВ ЗА ДЕСОРОСОИЗАЦИЈАИзвестен е и Државниот завод за ревизија да ја преиспита претходната одлука за доделувањето на овие средства. - Премиерот Зоран Заев и генералниот секретар на Владата Драги Рашковски на владина седница (Фото: СДК.МК)

    Владата го задолжи Генералниот секретаријат да ги преземе сите потребни чекори за запирање на постапката за распределба на средства од Буџетот за финансирање здруженија и фондации во висина од околу 50 милиони денари или 850 илјади евра на денешната седница. Станува збор за одлуката на претходната влада од 23 мај, кога Никола Тодоров во улога на вицепремиер потпишал одлука за распределба на 850 илјади евра наменети за финансирање на здруженија и фондации.

    „Поради постоењето сериозни индиции за злоупотреби на пари на граѓаните, Владата го задолжи Генералниот секретаријат да ги преземе сите потребни чекори за запирање на постапката за распределба средства од Буџетот на овие здруженија и фондации. Одлучено е да се извести Државниот завод за ревизија да ја преиспита претходната одлука за доделувањето на овие средства, а доколку постои основ за злоупотреби, да се отвори истрага за обид за ненаменско трошење буџетски пари“, соопшти вечерва Владата.

    Огласот на претходната влада за финансирање на граѓански здруженија и фондации дојде три и пол месеци по говорот на поранешниот премиер Никола Груевски на протестот пред Државната изборна комисија на 17 декември минатата година, од каде го објави прогласот на партијата и најави десоросоизација на невладиниот сектор во земјава.

    Според одлуката што беше објавена во Службен весник, осум организации добиле по 50 илјади евра.
    Нивните проекти се насловени „Демократија во вистински раце“, „Заедно за подобро општество“, „Партнерство НВО-јавен сектор, клучни за евроинтеграциите“, а по речиси 40 илјади евра добиле и здруженија кои треба да направат проект „Средношколска унија на млади (СУМ)-демократска и креативна асоцијација на млади“ или „Здраво семејство за здрава младина“.
    Дел од невладините немаат веб страници.

    Некои од нив во 2009 година биле јавно повикани од СДСМ да кажат кој ги финансира, зашто воделе кампања „Отпор против Бранко Цвенковски“.
    Друга невладина организација, пак, во 2013 година организирала марширање со велосипеди за да изрази гнев зашто опозицијата со автомобили го блокирала Скопје.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира