ВЛАДАТА ЌЕ ГО АНАЛИЗИРА ПРЕДЛОГОТ НА НИМИЦ ЗА КОЈ ПРЕГОВАРАЧОТ НАУМОВСКИ РЕЧЕ ДЕКА Е ДАЛЕКУ ОД ДОСТОИНСТВЕН

    ВЛАДАТА ЌЕ ГО АНАЛИЗИРА ПРЕДЛОГОТ НА НИМИЦ ЗА КОЈ ПРЕГОВАРАЧОТ НАУМОВСКИ РЕЧЕ ДЕКА Е ДАЛЕКУ ОД ДОСТОИНСТВЕНПреговарачот за името Васко Наумовски на средба со премиерот Зоран Заев во Владата пред првата рунда преговори што се одржа во Брисел минатиот месец. (Фото: Влада)

    Владата соопшти дека внимателно ќе го анализира предлогот на посредникот за името Метју Нимиц, откако претходно македонскиот преговарач Васко Наумовски кажа дека е далеку од достоинствен.

    Вчера во Њујорк, посредникот на Обединетите нации Метју Нимиц имаше средба со македонскиот и грчкиот преговарач, Васко Наумовски и Адамантиос Василакис, по која што кажа дека на повидок е решение за спорот за името, за набрзо потоа Наумовски во изјава за телевизијата „Сител“ да каже дека предлозите изнесени од Нимиц се далеку од достоинствено решение.

    „Нашата држава има име, тоа е Република Македонија, името што е во основата на нашиот идентитет. Исто така, денес во 2018 година никој не може да го негира постоењето на македонскиот народ и македонскиот јазик. Од страна на медијаторот денеска беа презентирани некои идеи за кои што сметам дека излегуваат од оваа рамка и дека се далеку од едно достоинствено решение, но, сепак, овие предлози ќе бидат презентирани пред државно-политичкиот врв и истиот ќе може да заземе став по ова прашање“, рече Наумовски.

    Владата, пак, чиј претставник е Наумовски, вели дека „по внимателна анализа на рамката на Нимиц што денес ја презентирал пред преговарачите во Њујорк, согласно значењето на прашањето за државните интереси, ќе продолжи процесот за градење на што е можно поширок и поинклузивен став од страна на Република Македонија“.

    ВИЦЕПРЕМИЕРОТ НА ГРУЕВСКИ, ВАСКО НАУМОВСКИ, ОСТАНУВА ПРЕГОВАРАЧ ЗА ИМЕТО

    Оттаму велат и дека се посветени на решавање на спорот кој Република Грција го има со уставното име на Република Македонија, а исходот ќе зависи од подготвеноста за компромис на двете страни, имајќи ги предвид разликите.

    „Остава добар впечаток обновената комуникација, која отвора простор за пријателски пристап и градење обострана доверба“, се вели во соопштението на Владата.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира