Владата денеска на седница ќе донесе одлука за намалување на данокот на додадена вредност за дизел горивото од 18 на 10 проценти, со цел да се спречи поскапување и да се овозможи намалување на неговата цена, соопшти премиерот Христијан Мицкоски на поставувањето камен-темелник на нова подземна катна гаража и плоштад во Општина Велес.
Мицкоски кажа дека државата веќе има воведено мерки со кои се намалени акцизите за дизелот и за безоловното гориво. Тој рече дека новата даночна мерка ќе предизвика одредени импликации врз буџетот, но владиниот интерес е максимално да го заштити стандардот на граѓаните.
Според премиерот, Македонија има убедливо најниски цени на горивата во споредба со земјите од регионот. Тој додаде дека иако износот од 95 до 100 денари за литар дизел реално не е мал, сепак е понизок од оној во потесното и поширокото соседство каде што истиот енергенс се плаќа од 150 до 180 денари.
Дизелот неделава чијни 101 денар за литар.



