ВЛАДАТА ЌЕ НАБАВИ 33 ОКЛОПНИ ВОЗИЛА ЗА АРМ ОД САД

    ВЛАДАТА ЌЕ НАБАВИ 33 ОКЛОПНИ ВОЗИЛА ЗА АРМ ОД САДОд Министерството за одбрана велат дека до 2024 година треба да бидат набавени 151 возило за опремување на Лесната пешадиска баталјонска група. - Министерката за одбрана Радмила Шекеринска (Фото: СДК.МК)

    Владата на наредната седница на 24 декември ќе склучи договор со САД за набавка на 33 лесни оклопни возила, откако собраниската Комисија за одбрана и безбедност вчера даде едногласна поддршка за набавката соопшти Министерството за одбрана.

    „Договорот се однесува на набавка на 33 лесни оклопни борбени возила наменети за опремување на Лесна пешадиска баталјонска група, која како членка на НАТО ќе ја декларираме да биде на располагање на Алијансата. Оваа единица ќе учествува во НАТО операции и нејзината способност ќе биде индикатор за нашата подготвеност да ги преземеме обврските како земја членка. По поддршката од страна на собраниската Комисија се очекува Владата на својата наредна седница на 24 декември да го склучи Договорот со Владата на САД“, велат од Министерството за одбрана.

    Од министерството додаваат дека оваа набавка е само почеток во опремувањето на Лесната пешадиска баталјонска група кое ќе се одива во две фази.

    „Во првата фаза која трае од 2019 до 2024 година треба да бидат набавени вкупно 151 возило. При тоа, лесните оклопни возилата се дел од планот за целосна модернизација на Армијата кој е веќе почнат и ќе се одвива етапно во наредните години. Во таа насока за 2020 година е предвидено околу 20 проценти од буџетот во одбраната да се намени за модернизација на капацитетите“, велат од Министерството за одбрана.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира