ВЛАДАТА ЌЕ ОТВОРИ СМЕТКА ЗА ДОНАЦИИ, СПАСОВСКИ ГИ ПОВИКА ОНИЕ КОИ ПРАВАТ ПРОФИТ ДА СЕ СОЛИДАРИЗИРААТ СО РАБОТНИЦИТЕ

    ВЛАДАТА ЌЕ ОТВОРИ СМЕТКА ЗА ДОНАЦИИ, СПАСОВСКИ ГИ ПОВИКА ОНИЕ КОИ ПРАВАТ ПРОФИТ ДА СЕ СОЛИДАРИЗИРААТ СО РАБОТНИЦИТЕДонациите од приватните и физичките лица ќе се користат за помош и поддршка на Владата за справување со кризата, кажа премиерот Оливер Спасовски. (Фото: Влада)

    Ќе се формира солидарен фонд за справување со економска криза предизвикана од епидемијата на КОВИД-19, најави премиерот Оливер Спасовски, презентирајќи го вториот сет економски мерки на Владата.

    Како што кажа Спасовски на денешната прес-конференција, Владата ќе отвори посебна наменска сметка за примање донации од правни и физички лица. Донациите ќе се користат за помош и поддршка на Владата за справување со кризата.

    „Ги повикувам сите правни и физички лица на кои оваа држава им овозможи да создаваат профит, сега е моментот да покажеме солидарност, да се солидаризираме со работниците и со граѓаните и да помогнеме во овој солидарен фонд“, кажа Спасовски.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира