ВЛАДАТА ЌЕ ПРАВИ СТРАТЕГИЈА ЗА ФИНАНСИСКИ ИСТРАГИ И КОНФИСКАЦИЈА НА ИМОТ

    ВЛАДАТА ЌЕ ПРАВИ СТРАТЕГИЈА ЗА ФИНАНСИСКИ ИСТРАГИ И КОНФИСКАЦИЈА НА ИМОТОваа стратегија е дел од агендата на владиниот реформски План 3-6-9 (Фото: СДК.МК)

    Владата денеска ја разгледа и усвои информацијата за потребата од изготвување стратегија за јакнење на капацитетите за водење финансиски истраги и конфискација на имот, со акционен план за нејзино спроведување. Информацијата е изготвена на предлог на Министерството за внатрешни работи, соопшти Владата.

    Оваа стратегија е дел од агендата на Планот 3-6-9, па Владата соопшти дека ги задолжила Министерство за правда и Министерство за финансии, односно Управа за јавни приходи, Царинска управа, Управата за финансиска полиција и Управата за финансиско разузнавање,  да достават номинации за членови на Работна група за изготвување на стратегијата и акциониот план.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира