ВЛАДАТА ЌЕ СЕ ЗАДОЛЖИ СО 120 МИЛИОНИ ДОЛАРИ ДЕСЕТ ДЕНА ПРЕД ИЗБОРИТЕ

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ВЛАДАТА ЌЕ СЕ ЗАДОЛЖИ СО 120 МИЛИОНИ ДОЛАРИ ДЕСЕТ ДЕНА ПРЕД ИЗБОРИТЕ

    Владата планира да се задолжи со нови 120 милиони долари преку аукција на државни обврзници и записи на 29 ноември, десетина дена пред изборите на 11 декември, според податоците објавени од Министерството за финансии и Народната банка.

    Најголем дел од задолжување, 92,155 милиони долари, се државни записи со рок на доспевање од една година. Остатокот е распределен со рокови за доспевање од половина година до 15 години.

    Веднаш по ова задолжување, Владата треба да врати 121 милион долари од претходни аукции. Веќе утредента, на 30 ноември доспеваат за враќање 56,172 милиони долари и наредниот ден, 1 декември, доспеваат 65,088 милиони долари.

    Последното големо задолжување беше во јули, кога Владата издаде седумгодишна еврообврзница во износ од 450 милиони евра. Првичниот план беше еврообврзницата да се издаде во износ од 650 милиони евра, но понудата беше повлечена, па потоа повторно издадена на износ помал за 200 милиони евра.

    Според бројките на Министерството за финансии за третиот квартал од годинава, државниот долг изнесува 41,9% од БДП, додека јавниот долг за првпат надмина 50% од БДП и е на ниво од 50,6%. Во соопштението од 31 октомври, Министерството за финансии официјално објави дека јавниот долг изнесува 4 милијарди и 760 милиони евра и дека за само девет месеци, јавниот долг е зголемен за 532 милиони евра.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира