Владата ќе земе кредит да се исплатат долговите на општините. Ова денеска го најави премиерот Зоран Заев кој рече дека одлуката е веќе донесена државата да подигне кредит и да го пренесе на општините да ги исплатат своите обврски кон добавувачи. Кредитот во висина од околу 120 милиони евра, ќе го враќаат општините на подолг период од 15 или 20 година со ниски каматни стапки.
„Очекуваме каматните стапки да бидат од 2 до 3 отсто, што е многу пониско во споредба со сегашните 13 отсто кои ги плаќаа општините како затезни камати. Ние веруваме дека на тој начин ќе ги растовариме општини, ќе им дадеме ветер во грб за нивното унапредување во иднина, но иста така овие пари стигнуваат и до домашните компании на кои им должат општините“, рече премиерот Заев.
Премиерот Заев се надева дека до крајот на 2018 година општините ќе бидат подготвени да преземат реализација на капитални проекти односно да ги преземат изградба на градинки, училишта, како и раководењето на домовите на култура и дел од здравствените установи да се симне на локално ниво. Заев кажа дека планираат да го пренесат на локално ниво и управувањето на шумите и земјоделското земјиште, како и изградбата на патишта со цел да се зајакнат капацитетите на општините.