ВЛАДАТА МУ ПРЕДЛОЖИ НА ПЕНДАРОВСКИ ДА ПРОГЛАСИ ВОНРЕДНА СОСТОЈБА ДО 22 ЈУНИ ЗА ДА ИМА ИЗБОРИ НА 15 ЈУЛИ

    ВЛАДАТА МУ ПРЕДЛОЖИ НА ПЕНДАРОВСКИ ДА ПРОГЛАСИ ВОНРЕДНА СОСТОЈБА ДО 22 ЈУНИ ЗА ДА ИМА ИЗБОРИ НА 15 ЈУЛИОд Владата велат дека предлогот се поднесува заради спроведување на предвремени избори за пратеници во Собранието. - Стево Пендаровски (Фото: Претседателски кабинет)

    Владата на вечерашната седница донесе заклучок да поднесе предлог до претседателот на Стево Пендаровски да утврди постоење на вонредна состојба за период од 8 дена, почнувајќи од денеска до 22 јуни. Од Владата велат дека предлогот се поднесува заради спроведување на предвремени избори за пратеници во Собранието.

    „Владата на Република Северна Македонија на вечерашната 67-ма седница донесе заклучок да поднесе предлог до претседателот на државата Стево Пендаровски, врз основа на членот 125 од Уставот да утврди постоење на вонредна состојба за период од 8 дена, почнувајќи од денеска, 15 јуни, до 22 јуни. Предлогот се поднесува заради спроведување на предвремени избори за пратеници во Собранието на Република Северна Македонија, со  мерки за заштита на јавното здравје во услови на пандемија прогласена од Светската здравствена организација што ја зафати и нашата држава“, се вели во владиното соопштение.

    Денеска лидерите на двете најголеми партии, Зоран Заев од СДСМ и Христијан Мицкоски, се согласија да има парламентарни избори на 15 јули.

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари