Владата ја продолжи мерката за намалување на акцизите на нафтените деривати до 15 јуни, а по разговорите со најголемиот домашен снабдувач на нафтени деривати „ОКТА“, обезбеден е дополнителен попуст од 2 денари по литар кој ќе започне да се применува од први јуни.
„Со овие мерки и согласно нашите пресметки очекуваме цената на дизел горивото да се намали за 6,5 денари по литар, додека цената на бензините ќе биде намалена за 1,5 денар по литар“, соопшти Владата по денешната вонредна седница.
Одлуките за промена на цените на енергенсите ги донесува Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад.



