ВЛАДАТА ОДОБРИ ПОМОШ ОД МИЛИОН ЕВРА ЗА 107 РЕСТОРАНИ ЗА СВАДБИ И 17 НОЌНИ КЛУБОВИ

    ВЛАДАТА ОДОБРИ ПОМОШ ОД МИЛИОН ЕВРА ЗА 107 РЕСТОРАНИ ЗА СВАДБИ И 17 НОЌНИ КЛУБОВИСвадби на затворено беше дозволено да се одржуваат на 1 јули годинава. (архивска фотографија)

    Владата одобри за исплата околу еден милион евра за еднократна финансиска помош за ресторани за свадби и ноќни клубови, кои не работеа долги периоди за време на пандемијата на ковид-19.

    На вчерашната седница, Владата одобри исплата на 840 илјади евра за 107 ресторани за свадби кои се пријавиле комплетна документација на јавниот повик за финансиска поддршка.

    Од Владата велат дека како основа за пресметка на поддршката се земаат просечните месечни приходи остварени во 2019 година, а висината на поддршката се пресметува како износ од 30% од просечниот месечен приход. Дополнително, секој регистриран активен субјект добива финансиска поддршка во износ од 15.200 денари по вработен.

    Според истите прaвила, Владата одобри исплата на 135 илјади евра за 17 ноќни клубови кои пријавиле комплетна документација на јавниот повик.

    Овие средства ќе бидат третирани како грант кај рестораните за свадби и ноќите клубови, кои на крајот на 2021 година ќе имаат барем еден вработен повеќе во споредба со 2020 година. Оние кои ќе го задржат истиот број вработени ќе треба да вратат 20 отсто од помошта, а оние кои ќе го намалат бројот на вработени ќе треба да вратат 50 отсто од помошта.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира