Владата предвиде 1, 5 милиони евра (98 милиони денари) за намалување на аерозагадувањето Буџетот за 2019, на денешната седница на која го усвои предлогот за план и мерки за утврдување Програма за намалување на аерозагадувањето во Република Македонија.
„На денешната седница беше донесена и одлука за измени и дополнување на Одлуката на Владата на РМ за утврдување на стратешките приоритети за 2019 година, со која намалувањето на аерозагадувањето се утврдува како стратешки приоритет за идната година. Владата го задолжи Министерството за финансии да ја вклопи Програма за намалување на аерозагадувањето во предлогот за Буџетот на Република Македонија за 2019 година“, соопштија од Владата.
Овие 98 милиони денари се првични средства во Буџетот за наредната година, со препорака да се обезбедат дополнителни финансии за оваа програма и да се искористат постоечките потенцијали од донаторската заедница.
Е. БОЧВАРОСКА