ПОРАДИ ПОЖАРИТЕ ВЛАДАТА ПРОГЛАСИ 30 ДЕНА КРИЗНА СОСТОЈБА ВО МАКЕДОНСКИ БРОД И ЧАШКА

    ПОРАДИ ПОЖАРИТЕ ВЛАДАТА ПРОГЛАСИ 30 ДЕНА КРИЗНА СОСТОЈБА ВО МАКЕДОНСКИ БРОД И ЧАШКАВо последната информација од Центарот за управување со кризи стои дека пожарот во атарот на Трбовље е се уште активен и во неговото гаснење се ангажирани АРМ и месното население.

    Владата донесе одлука за постоење кризна состојба на територија на подрачјата на општините Македонски Брод и Чашка поради зголемена појава на пожари, соопшти владината служба за информирање.

    Со прогласувањето вонредна состојба се се овозможува преземање на повеќе мерки и активности за поголема ефикасност на институциите, зголемен капацитет и мобилност при справување со пожарите.

    Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски кој е и претседател на Управувачкиот комитет за координација и управување со кризи изјави дека кризната состојба ќе трае 30 дена.

    „Оваа одлука е донесена со цел, сите надлежни институции во Македонија во координирана акција да можат да дејствуваат за ефикасно да се справат со пожарите“, изјави министерот Спасовски.

    Тој ги повика и граѓаните да им помогнат на институциите во справувањето со пожарите.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира