ВЛАДАТА РЕШИ ДА ГИ ОГРАНИЧИ МАРЖИТЕ НА ТРГОВЦИТЕ МЕСТО ДА ГИ ЗАМРЗНУВА ЦЕНИТЕ НА ОСНОВНИТЕ ПРЕХРАНБЕНИ ПРОИЗВОДИ

    ВЛАДАТА РЕШИ ДА ГИ ОГРАНИЧИ МАРЖИТЕ НА ТРГОВЦИТЕ МЕСТО ДА ГИ ЗАМРЗНУВА ЦЕНИТЕ НА ОСНОВНИТЕ ПРЕХРАНБЕНИ ПРОИЗВОДИКако што кажа министерот Бектеши, целта е да се ограничат трговците да прават профит на грбот на граѓаните и на производителите. (Фото: Влада)

    На предлог на Министерството за економија, Владата денеска донесе одлука за определување на највисока трговска маржа до 5 отсто на продажната цена на големо и на 10 отсто од продажната цена во трговијата на мало на основните прехранбени производи, соопшти министерот за економија Крешник Бектеши на прес-конференција.

    Како што кажа министерот, целта е да се ограничат трговците да прават профит на грбот на граѓаните и на производителите.

    Доколку трговците не се придржуваат до овие мерки, кажа Бектеши, предвидени се глоби од 800-1.000 евра за микротрговци, до 2.000 евра за мали трговци, до 6.000 за средни и до 10 илјади за големи трговци.Оваа мерка се носи бидејќи од 1 март престанува да важи цената за замрзнување на цените на основните прехранбени производи

    Основни прехранбени производи се леб, шеќер, сол, брашно, сончогледово масло, млеко, месо, сувомеснати производи, сирење, урда, ориз, јајца, тестенини, пченица и овошје и зеленчук.

    Оваа мерка на Владата ќе биде со важност од 1 март до 31 мај.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира