ВЛАДЕЕЊЕ НА ПРАВОТО Е КЛУЧНО ЗА ПОЧНУВАЊЕ НА ПРЕГОВОРИТЕ СО ЕУ, ВЕЛИ ФРАНЦУСКИОТ АМБАСАДОР ТИМОНИЕ

    ВЛАДЕЕЊЕ НА ПРАВОТО Е КЛУЧНО ЗА ПОЧНУВАЊЕ НА ПРЕГОВОРИТЕ СО ЕУ, ВЕЛИ ФРАНЦУСКИОТ АМБАСАДОР ТИМОНИЕФранцускиот амбасадор во земјава Кристијан Тимоние вели дека Франција очекува граѓаните да излезат во вториот круг од претсадателските избори и да гласаат, со што ќе го направат најосновниот граѓански чин, за да може оваа земја да ни помогне во ЕУ интеграциите (Фото: СДК.МК)

    Францускиот амбасадор Кристијан Тимоние вели дека Франција ги поздравува напорите и напредокот што од 2016 година наваму ги направила земјата, но дека од нивна страна секогаш било јасно кажано дека вистински напредок може да се согледа низ критериумите за владеење на правото, што ќе биде основа за отпочнување на преговорите. Според него, процесот на помирување со соседите, бил спроведени со неопходната храброст и одлучност, и треба да продолжи и натаму.

    Франција вчера објави стратегија за Западен Балкан по неформалниот самит за Западен Балкан што се одржа во Берлин во организација на францускиот претседател Емануел Макрон и германската канцеларка Ангела Меркел.

    „Оваа стратегија ја утврдува нашата посветеност на највисоко ниво за поддршка на европскиот пат на земјите од Западен Балкан. Таа се темели врз очекувањата на луѓето кои што живеат во овој регион да видат вистински напредок во областа на владеење на правото. Но, таа се темели и врз нашите очекувања да видиме дека напредокот се материјализира и конкретно се потврдува во пракса. Поддршката за реформата на правниот систем и генерално за имплементација на европските стандарди во областа на администрацијата ќе претставува конкретен придонес кон вашиот европски пат. Областите се јасно идентификувани и нашите залагања ќе преставуваат поддршка и надополнување на веќе реализираните активности во рамките на ЕУ и други мултилатерални институции“, вели Тимоние во интервју за МИА и додава дека има конкретна можност за соработка поддржана од Француската агенција за развој, и дека веќе почнува да се насочува во областа на екологијата и животната средина.

    Тој смета дека првиот круг од претседателските избори поминал мирно, а кандидатите за искажале волја за владеење на правото и консолидирање на државата. Амбасадорот очекува граѓаните во вториот круг на гласање да придонесат кон таа консолидација преку основниот граѓански чин, а тоа е да излезат и да гласаат.

    „За нас тоа ќе биде големо охрабрување за да ви помогнеме на вашиот европски пат. Државјанството е основа на вредностите на Европа секаде каде што имате аспирации да влезете. Таква порака очекуваме да ни пристигне во Париз, но се очекува и во другите главни градови“, вели Тимоние.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира