За утре во 12 часот е закажана седница на собраниската Комисија за уставни прашања, на чиј дневен ред ќе биде владиниот предлог за пристапување кон измена на Уставот на Република Македонија со насоки за изменување и дополнување на Уставот предвидено со Договорот од Преспа, потврдија од Собранието.
- ПРОЦЕДУРАТА ЗА ИЗМЕНАТА НА УСТАВОТ ЌЕ ТРАЕ ОКОЛУ 110 ДЕНА, АМА АКО ВЛАСТА ОБЕЗБЕДИ МНОЗИНСТВО
- ПРЕД МАКЕДОНИЈА СЕ ДОДАВА СЕВЕРНА, ВО ПРЕАМБУЛАТА СЕ НАБРОЈУВААТ СИТЕ ОДЛУКИ ОД АСНОМ – ЦЕЛОСЕН ПРЕДЛОГ ЗА УСТАВНИ ИЗМЕНИ
Комисијата има рок од три дена за претрес на предлогот на Владата, а пленарната седница на Собранието на која ќе се расправа за предлогот за пристапување кон измена на Уставот треба да се одржи на 15 октомври (понеделник) со почеток во 11 часот.