ВЛАСТА ДА КАЖЕ „НЕ“ ЗА ФРАНЦУСКИОТ ПРЕДЛОГ И ДА НЕ ЈА ПРЕФРЛУВА ТОПКАТА КАЈ ПРАТЕНИЦИТЕ ВО СОБРАНИЕТО, ПОБАРА ВМРО-ДПМНЕ НА БЛОКАДАТА ПРЕД ВЛАДАТА

    ВЛАСТА ДА КАЖЕ „НЕ“ ЗА ФРАНЦУСКИОТ ПРЕДЛОГ И ДА НЕ ЈА ПРЕФРЛУВА ТОПКАТА КАЈ ПРАТЕНИЦИТЕ ВО СОБРАНИЕТО, ПОБАРА ВМРО-ДПМНЕ НА БЛОКАДАТА ПРЕД ВЛАДАТАВМРО-ДПМНЕ ќе дејствува согласно стратегија која што ќе ја усвои. - Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски (Фото: К. Попов)

    Денеска се одржуваат блокади на четири локации низ Македонија од 13 до 14 часот, наместо вообичаените протести против францускиот предлог пред Владата и Собранието. На блокадата на улиците околу Владата, зборуваше пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Драган Ковачки, кој побара од власта да го отфрли францускиот предлог за почеток на пристапните преговори со ЕУ и да не ја префрла топката во Собранието.

    „Ќе дејствуваме согласно стратегија која што ќе ја усвоиме. Ние уште еднаш ја повикуваме Владата да каже ‘не’ на ова решение. Очекуваме уште еднаш власта да го слушне гласот на народот и да не се обидува да ја префрлува топката кај пратениците во Собранието“, кажа Ковачки.

    Вчера, од Владата соопштија дека францускиот предлог е проследен до Собранието на разгледување и донесување заклучоци. Материјалите се пристигнати во Собранието, но засега нема закажано седница за предлогот.

    Освен кај Владата, блокади има магистралните патишта Штип-Велес, Струмица-Радовиш и Плетвар-Прилеп. Утре ќе нема протести поради празникот Курбан бајрам, а за в недела е закажан протест во 19 часот пред Владата.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира