ВЛАСТА СО НАПАДИ САКА ДА ГИ ЗАМОЛЧИ НОВИНАРИТЕ, ОСУДИ ЗНМ

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ВЛАСТА СО НАПАДИ САКА ДА ГИ ЗАМОЛЧИ НОВИНАРИТЕ, ОСУДИ ЗНМ

    Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) го осудуваат напливот на координирано вербално насилство на власта против новинари, кои, како што велат од ЗНМ, се насочени против слободата на медиумите и правото на јавноста да се информира.

    „Ваквите напади имаат за цел да ги заплашат и замолчат новинарите и да ја задушат критиката во медиумите. Со тоа власта сака да ја спречи јавноста да се информира за важни случувања во земјата. Обвинувањата на ВМРО-ДПМНЕ против Фондацијата отворено општество Македонија, за наводно корумпирање на новинарите, е чиста замена на тези на досегашната власт, која нема храброст да се соочи со сопствената одговорност за масовната злоупотреба за медиумите за политички цели“, велат од ЗНМ.

    Од ЗНМ потенцираат дека изјавите на директорот на Архивот на Македонија, Филип Петровски за расчистување со медиумите на Сорос, се еклатантен пример на повикување на јавен линч против неистомислениците на власта.

    Од здружението ги осудија и навредите на градоначалникот на Берово против новинарката Даниела Такева и ги оценија како недолични под секое ниво на домашно воспитување на еден градоначалник.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира