ВЛЕГУВАМЕ ВО ВТОРАТА ФАЗА ОД ЕПИДЕМИЈАТА, МОЖНО Е ДА СЕ ПОБАРААТ ПОРЕСТРИКТИВНИ МЕРКИ, КАЖА ФИЛИПЧЕ

    ВЛЕГУВАМЕ ВО ВТОРАТА ФАЗА ОД ЕПИДЕМИЈАТА, МОЖНО Е ДА СЕ ПОБАРААТ ПОРЕСТРИКТИВНИ МЕРКИ, КАЖА ФИЛИПЧЕМинистерот за здравство Филипче најави можно е заострување на мерките за превенција од КОВИД-19. - Полицискиот час викендов почнува од 16 часот до 5 наутро. (Фото: K. Попов )

    Министерот за здравство Венко Филипче и Комисијата за заразни болести утре ќе разговараат и можно е до Владата да предложат да се воведат порестриктивни мерки како превенција од ширењето на коронавирусот, кажа министерот на редовната прес-конференција.

    Во изминатите 24 часа се регистрирани 72 новозаболени лица, и со тоа вкупниот број регистрирани во земјава стигна до 555. Од нив 23 се излекувани, а 18 починаа, со што бројката на активни случаи е 514.

    Филипче рече дека се наоѓаме втората фаза со очекуван раст на бројот на дијагностицирани заразени од КОВИД-19, и дека пикот на заразата е на крајот на април, а проценките се дека ќе има 2.000 заболени.

    Од денес и Градската општа болница „8 Септември“ во Скопје е подготвена за дијагностицирање и лечење на заболени од КОВИД-19. Досега тука се примаа пациенти кои беа суспектни или позитивни на вирусот, а на кои им беше потребен друг третман. Таму има на располагање 400 кревети.

    На Инфективната клиника има 110 кревети, а во мобилната полска болница 130.

    Во моментов на Инфективната клиника се хоспитализирани 74 пациенти, 15 со тешка клиничка слика, 11 на механичка вентилација, другите пациенти се стабилни.
    Во земјава има заразени 52 медицински лица, од кои 34 се во болнички/амбулантски установи.

    Филипче кажа сите јавни здравствени установи во земјава имаат доволно заштитна опрема, со доста солидни резерви, и дека неделава ќе се врши набавка на респиратори, а главниот критериум ќе биде брзината на испорака.

    Министерството за здравство неодамна отвори сметка на која стигнале 500.000 евра од домашни компани, а стигнати се и донации на медицински апарати и големи количини на заштитна опрема од околу еден милион парчиња.

    Б. НЕСТОРОСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира