КЛУЧНО Е КАКО ОБВИНИТЕЛИТЕ РЕАГИРААТ НА ВЛИЈАНИЈАТА, ТОА ГО ПОКАЖУВА НИВНИОТ ИНТЕГРИТЕТ, ВЕЛИ НОВАТА ШЕФИЦА НА ОБВИНИТЕЛСТВОТО ЗА ГОНЕЊЕ ОРГАНИЗИРАН КРИМИНАЛ ХАЏИ ВАСИЛЕВА

    КЛУЧНО Е КАКО ОБВИНИТЕЛИТЕ РЕАГИРААТ НА ВЛИЈАНИЈАТА, ТОА ГО ПОКАЖУВА НИВНИОТ ИНТЕГРИТЕТ, ВЕЛИ НОВАТА ШЕФИЦА НА ОБВИНИТЕЛСТВОТО ЗА ГОНЕЊЕ ОРГАНИЗИРАН КРИМИНАЛ ХАЏИ ВАСИЛЕВАИвана Хаџи Василева денеска ја презеде функцијата од Ислам Абази. (Фото: СДК.МК)

    Новата шефица на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, Искра Хаџи Василева, вели дека интегритетот на обвинителите се покажува преку нивниот однос и реакција кон политичките и другите влијанија. Таа денеска ја презеде функцијата од Ислам Абази и одговарајќи на новинарско прашање, без да посочи конкретни лица или случаи, таа рече дека влијанија имало, има и веројатно ќе има во иднина, но клучно прашање е како самите обвинители се однесуваат кон нив.

    Како главни предизвици во работењето на институцијата, Хаџи Василева рече дека тоа ограничените ресурси и недостигот од кадар. Според неа, благото зголемување на буџетот претставува позитивен сигнал, но финансирањето е само еден од аспектите, бидејќи обвинителството се соочува со голем дефицит од јавни обвинители, а уште поизразен и најгорлив е недостигот од кадар во јавнообвинителската служба.

    Меѓу првите задачи на новата функција, Хаџи Василева најави дека ќе бидат административните процедури неопходни за непречено и успешно функционирање на институцијата, по што ќе следуваат прашањата поврзани со внатрешната организација. Во овој период од годината редовно се спроведуваат и годишните распоредувања во рамки на обвинителството, што исто така ќе биде дел од нејзините првични активности, а најави и дека ќе работи на подобрување на постапувањето во предметите против полициски службеници.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира