ВМРО-ДПМНЕ БАРА ЈАВНА РАСПРАВА СО НЕВЛАДИНИ ОРГАНИЗАЦИИ ВО СОБРАНИЕТО ЗА ЗАГАДУВАЊЕТО НА ВОЗДУХОТ

    ВМРО-ДПМНЕ БАРА ЈАВНА РАСПРАВА СО НЕВЛАДИНИ ОРГАНИЗАЦИИ ВО СОБРАНИЕТО ЗА ЗАГАДУВАЊЕТО НА ВОЗДУХОТНикола Мицевски, координатор на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, кажа дека сегашната власт додека била опозиција ветувала многу мерки за намалување на загадувањето, но дека ништо не е преземено. (Фото: СДК.МК)

    Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ денес поднела информација за загадувањето до Собранието и побарала Комисијата за транспорт, врски и екологија да одржи јавна расправа за мерки што треба да се преземат за намалување на аерозагадувањето.

    Никола Мицевски, координатор на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, кажа дека аерозагадувањето руши рекорди и дека сегашната власт додека била опозиција ветувала многу мерки за намалување на загадувањето, но дека ништо не е преземено и дека ги исклучуваат мерните станици за да не се гледа колку е загадено.

    „Затоа бараме јавна расправа во Собранието на која ќе учествуваат и невладините организации“, рече Мицевски на прес-конференција во Собранието.

    Тој кажа дека Законот за амнестија, предложен од неговата пратеничка група, е на дневен ред на наредната седница и дека не учествуваат во телото за помирување, кое повеќе личи на тело за порамнување.

    „Бараме целосно ослободување од затвор и од обвиненијата за сите вклучени во настаните од 27 април. Преспанскиот договор не го прифаќаме“, рече Мицевски.

    Е. БОЧВАРОСКА

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира