ВМРО-ДПМНЕ БАРА ПРЕДВРЕМЕНИ ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ ЗА ДА ГО ПРЕЗЕМЕ СКОПЈЕ ОД НИВНИОТ КАНДИДАТ ДАНЕЛА АРСОВСКА

    ВМРО-ДПМНЕ БАРА ПРЕДВРЕМЕНИ ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ ЗА ДА ГО ПРЕЗЕМЕ СКОПЈЕ ОД НИВНИОТ КАНДИДАТ ДАНЕЛА АРСОВСКАЛидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски и скопската градоначалничка Данела Арсовска. (Фото: СДК.МК)

    Лек за неспособноста на скопската градоначалничка Данела Арсовска се единствено предвремени парламентарни избори, на кои ВМРО-ДПМНЕ ќе победи, а потоа ќе формира Влада, соопшти опозициската партија. Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека нивна влада ќе може сериозно да помогне за реализација на голем број проекти за Скопје и ги обвинува СДСМ дека сакаат да ѝ ги одземат ингеренции на Арсовска за преку свои фирми да ги земат парите од проектите.

    „СДС ги бара ингеренциите за нивни фирми да ги земат парите. И сите проекти кои ќе ги земе владата на СДС ќе завршат како автопатот Кичево – Охрид или Клиничката болница во Штип“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

    Данела Арсовска стана градоначалничка на Скопје како независен кандидат поддржан од ВМРО-ДПМНЕ и нивната соработка траеше една година, сè додека таа не ги разреши директорите на скопските јавни претпријатија кои беа кадар на ВМРО-ДПМНЕ, обвинувајќи ги дека ги фатила „со рачињата во медот“.

    Премиерот Димитар Ковачевски вчера најави дека Владата може да ѝ и ги одземе ингеренциите на Арсовска за неколку големи проекти, како Универзална сала, пречистителната станица за Скопје, БРТ, клучката кај Момин поток и други инфраструктурни проекти, бидејќи, како што кажа тој, ни милиметар од тоа не е направено.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира