ВМРО-ДПМНЕ ДА РАСЧИСТИ СО КРИМИНАЛОТ ВО СВОИТЕ РЕДОВИ, ПОЕВРОПСКИ ДОКУМЕНТ ОД ДОГОВОРОТ ЗА ИМЕТО НЕМАЛО, МУ ОДГОВОРИ ТУНТЕВ НА МИЛОШОСКИ

    ВМРО-ДПМНЕ ДА РАСЧИСТИ СО КРИМИНАЛОТ ВО СВОИТЕ РЕДОВИ, ПОЕВРОПСКИ ДОКУМЕНТ ОД ДОГОВОРОТ ЗА ИМЕТО НЕМАЛО, МУ ОДГОВОРИ ТУНТЕВ НА МИЛОШОСКИКоординаторот на пратеничката група на СДСМ Томислав Тунтев ги повика пратениците од ВМРО-ДПМНЕ да се вратат на седницата на која се расправа за предлог-законот за ратификација на договорот со Грција за решавање на спорот за името (Фото: СДК.МК)

    Координаторот на пратеничката група на СДСМ Томислав Тунтев ги повика пратениците од опозицијата да се вратат и да учествуваат во дискусијата за предлог-законот за ратификација на договорот со Грција за решавање на спорот за името. Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ претходно ја напуштија седницата, бидејќи претседателот на Собранието Талат Џафери не даде пауза од еден час, со објаснување дека координаторот на пратеничката група на оваа партија Драган Данев паузата не ја побарал процедурално.

    „Ова се нови просперитетни времиња за Македонија и за нејзините граѓани. ВМРО-ДПМНЕ прво треба да си расчисти со криминалот во сопствените редови и да земе учество во овој процес, кој ќе овозможи граѓаните сами да одлучат за македонската европска иднина. ВМРО-ДПМНЕ мора да сврти нова страница ако сака да фати чекор со светлата иднина на нашата држава“, рече Тунтев.

    На прашањето зошто предлог-законот за ратификација на договорот за името се носи со европско знаменце, Тунтев рече: „Поевропски документ од овој договор за нашата држава немало и заради тоа ја прифативме одлуката на Владата да се стави европско знаменце на овој договор“.

    Претходно, пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Антонијо Милошоски кажа дека пратеничката група на негова партија и коалициските партнери нема да учествува во работата на Собранието, бидејќи, како што кажа на денешната прес-конференција, договорот со Грција се ратификува по скратена постапка, на недемократски начин, со кршење на Уставот, законите и процедурите.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира