ВМРО-ДПМНЕ ЌЕ УЧЕСТВУВА НА ИЗБОРИТЕ НА 15 ЈУЛИ, КАЖА МИЦКОСКИ

    ВМРО-ДПМНЕ ЌЕ УЧЕСТВУВА НА ИЗБОРИТЕ НА 15 ЈУЛИ, КАЖА МИЦКОСКИМицкоски вели дека биле прифатени нивните услови да има избори на 15 јули. (Фото: СДК.МК)

    Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски потврди дека на изборите на 15 јули, среда, ќе учествува ВМРО-ДПМНЕ. Мицкоски на Фејсбук напиша дека двата услови кои ги барале се прифатени, прво протоколи за заштита на здравјето на граѓаните и второ мисија на ОБСЕ и ОДИХР за заштита на волјата на граѓаните.

    „На изборите на 15 јули, среда ќе учествува ВМРО-ДПМНЕ и заедно со народот ќе го победи изворот на кризата Зоран Заев и СДСМ. Двата услови кои ги баравме се прифатени, прво протоколи за заштита на здравјето на граѓаните, второ мисија на ОБСЕ и ОДИХР за заштита на волјата на граѓаните. Македонија се наоѓа во лоша состојба, силно нападната покрај економска и со силна здравствена криза. За да сето ова престане еден е излезот, а тоа е убедлив пораз на Заев и СДСМ“, вели Мицкоски.

    Претходно денеска, лидерот на СДСМ Зоран Заев кажа дека 15 јули е последната отстапка која ја прават и изборите ќе се одржат на тој датум, за што добил согласност и од лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира