ВМРО-ДПМНЕ НЕ ПРИФАЌА ДА ПРЕГОВАРА СО ДУИ ЗА ПРОДОЛЖУВАЊЕ НА МАНДАТОТ НА СЈО И ЗА ДВОЈАЗИЧНОСТ НА ЦЕЛАТА ТЕРИТОРИЈА

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ВМРО-ДПМНЕ НЕ ПРИФАЌА ДА ПРЕГОВАРА СО ДУИ ЗА ПРОДОЛЖУВАЊЕ НА МАНДАТОТ НА СЈО И ЗА ДВОЈАЗИЧНОСТ НА ЦЕЛАТА ТЕРИТОРИЈА

    ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение одговори дека нема да попушти пред условите на ДУИ, наведени во вчерашното соопштение во кое партијата на Али Ахмети истакна дека во преговорите за нова влада нема да отстапи од барањата за продолжување на мандатот на СЈО, двојазичност на целата територија и интеграцијата на Македонија во ЕУ и НАТО,

    Но, во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ не е напишано што ќе прави мандатарот Никола Груевски со мандатот сега кога веќе кажа дека нема договор со Али Ахмети, дали можеби ќе го врати или ќе го чува кај себе додека не поминат 20-те дена од предвидениот рок за преговори за нова влада. Од партијата не одговараат на телефонските повици да одговорат што ќе направи Груевски со мандатот и дали ќе му го врати на претседателот Ѓорге Иванов.

    „Во врска со соопштението на партијата ДУИ, мултиетничката коалицијата ‘За подобра Македонија’ составена од 25 партии и предводена од ВМРО-ДПМНЕ повторува и потврдува дека не се согласува, нема да преговара и нема да дозволи промена на Уставот со цел двојазичност на целата територија и продолжување на мандатот на СЈО. Причините досега се образложени повеќе пати во јавноста, а се темелат на заложбата за унитарна држава, заштита на Уставниот поредок, нашите политички заложби изнесени во предизборниот период, Охридскиот Рамковен договор, како и на договорот од јуни-јули 2015-та кој оваа коалиција доследно го почитуваше како што беше договорено и потпишано, и нема намера да го менува.
    Независно на исходот околу составување Влада во следниот период, независно дали ќе се формира нова Влада и кој ќе ја формира, што и да се случи, ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата ‘За подобра Македонија’ нема да преговара ниту пак ќе дозволи промена на уставниот поредок со цел двојазичност на целата територија и продолжување на мандатот на СЈО“, наведува партијата на Никола Груевски.

    Посебен осврт има за СЈО и во истото соопштение се наведува: „СЈО нема никаква врска со правдата, тоа е политички инструмент во рацете на еден центар на моќ и нивните домашни инструменти за уцена на секој политичар кој ќе се бори за националните интереси на македонскиот народ и државните интереси на Македонија и нејзините граѓани. СЈО е копче кое ќе биде стиснато секогаш кога кој било ќе се осмели да не игра така како што некој од надвор му сервира и диктира.
    СЈО е алатка со која се деградира и негира суверенитетот и независноста на македонската држава. СЈО не е независно и непристрасно и нема никаква врска ни со правото ни со правдата. СЈО е инструмент за продолжување на кризата и држење на Македонија во заложништво, и затоа ние никогаш нема да се согласиме Македонија да продолжи да се држи во заложништво и да постои инструмент за дисциплинирање на секој оној кој се бори за заштита на националните и државните интереси. Недозволувањето за продолжување на мандатот на СЈО не е страв туку храброст и пркос“.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира