ВМРО-ДПМНЕ НЕМА ДА ГЛАСА ЗА РАЗРЕШУВАЊЕ НА АФРИМ ГАШИ ЗАШТО Е ПОДОБАР ОД ТАЛАТ ЏАФЕРИ, КАЖА МИЦКОСКИ ЗА ИНТЕРПЕЛАЦИЈАТА

    ВМРО-ДПМНЕ НЕМА ДА ГЛАСА ЗА РАЗРЕШУВАЊЕ НА АФРИМ ГАШИ ЗАШТО Е ПОДОБАР ОД ТАЛАТ ЏАФЕРИ, КАЖА МИЦКОСКИ ЗА ИНТЕРПЕЛАЦИЈАТАМинистерот за внатрешни работи Панче Тошковски вчера кажа дека за утврдените пропусти во работењето од страна на Регионалниот центар за гранични работи Север кон раководителот на смена на граничниот премин ќе бидат преземени соодветни мерки за утврдување на одговорност согласно Колективниот договор на МВР - Мицкоски и Гаши во Собранието (Фото:СДК.МК)

    Премиерот Христијан Мицкоски кажа дека нема да гласа за разрешување, односно интерпелација на претседателот на Собранието Африм Гаши, ни откако МВР кажа дека во моментот додека поминувал граница кон Косово за да оди на свадба на 18 август, бил прекршил безбедносниот протокол.

    „Го знаете ставот на ВМРО-ДПМНЕ дека не гледаме причина за интерпелација на спикерот Африм Гаши, бидејќи начинот на кој тој се однесува како спикер во Парламентот, како ги води седниците, навистина претставува сериозно различно однесување од тоа што го правеше неговиот претходник. Претпоставувам коалицијата СДСМ-ДУИ-Левица има свои мотиви зошто поднесуваат ваков тип на интерпелација, веројатно Артан Груби, Али Ахмети, Талат Џафери, Бујар Османи, им се подобри политичари од Гаши и затоа нема да поддржиме интерпелацијата“, одговори премиерот Мицкоски на настанот во Неготино по повод камен-темелник на нов пазар.

    Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски вчера кажа дека со извршените контроли во Системот за контрола на патници и возила, било утврдено дека носителот на делегацијата Гаши, како и членовите на неговото семејство кои биле најавени дека ќе остварат излез, не се евидентирани во системот за контрола на патници и возила.

    Исто така констатирано е дека не е целосно запазена процедурата на евидентирање на сите лица и патници кои поминуваат на граничниот премин во системот за контрола на патници и возила.

    Тој рече и дека за утврдените пропусти во работењето од страна на Регионалниот центар за гранични работи Север кон раководителот на смена на граничниот премин ќе бидат преземени соодветни мерки за утврдување на одговорност согласно Колективниот договор на МВР.

    Интерпелацијата за претседателот на Собранието Африм Гаши, поднесена од Левица, е ставена на дневен ред на 13. пленарна седница закажана за 3 септември.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира