ВМРО-ДПМНЕ НЕМА ДА ОДИ КАЈ ТАЛАТ НА КООРДИНАЦИЈА ЗА ЛОКАЛНИТЕ ИЗБОРИ

    ВМРО-ДПМНЕ НЕМА ДА ОДИ КАЈ ТАЛАТ НА КООРДИНАЦИЈА ЗА ЛОКАЛНИТЕ ИЗБОРИВМРО-ДПМНЕ вели дека не гледа причина да одговори на покана на Талат Џафери, кого го нарекува пратеник. (Фото: СДК.МК)

    ВМРО-ДПМНЕ нема да учествува на најавената координација во Собранието кај спикерот Талат Џафери за локалните избори, соопшти партијата утринава. Џафери за денеска закажа координативна средба со претставниците на парламентарните партии, на којашто треба да се реши кога ќе се продолжи конститутивната седница и по кој тек ќе се одвива таа. Тема на координацијата се очекува да бидат и можните решенија по истекот на мандатите на локалните власти, како и да се дефинираат чекорите за распишување локални избори.

    „ВМРО-ДПМНЕ нема да учествува на најавената координација во Собранието. Талат Џафери не е избран за претседател на Собранието на Република Македонија во законска процедура и пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ не гледа причина зошто би одговарала на покана која пратеникот Талат Џафери ја испраќа во својство на претседател“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира