ВМРО-ДПМНЕ ПЛАТИ 500 ЕВРА ЗА ПРОСЛАВА НА МЛАДИТЕ СИЛИ ВО АНТИЧКИОТ ТЕАТАР ВО ОХРИД

    ВМРО-ДПМНЕ ПЛАТИ 500 ЕВРА ЗА ПРОСЛАВА НА МЛАДИТЕ СИЛИ ВО АНТИЧКИОТ ТЕАТАР ВО ОХРИДЗa синоќешната прослава на 26-годишнината од основањето на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ, партијата за 500 евра го изнајми Антички театар во Охрид

    Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ го изнајмила Античкиот театар во Охрид за 30.000 денари односно 500 евра за вчерашната прослава на 26-годишнината од основањето. Дозволата за изнајмување на Античкиот театар ја дава Управата за културно наследство, а просторот го издава Завод и музеј Охрид.

    „Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ побарала и добила дозвола за овој настан од Управата за културно наследство. За изнајмување на просторот уплатија 30.000 денари. Толку чини изнајмување на Антички театар за непрофитни настани. За профитни настани цената се движи од 30.000 до 90.000 денари. На пример, за концертот на Жељко Самарџиќ што ќе се оддржи на 5-ти август во Антички театар, наплативме наемнина од 45.000 денари“, вели Тања Паскали-Бунташеска, директор на Завод и музеј Охрид.

    Таа додава дека оваа цена се наплаќа по настан, а не според тоа колку часа трае настанот и дека за овие десет години колку што е директор на Завод и музеј Охрид, досега Античкиот театар не бил издаден за полтички настани.

    „За концертите на Охридско лето не наплаќаме наемнина, бидејќи и нашата установа е дел од настанот“, вели Паскали-Бунташеска, и додава дека досега никој не го изнајмил Античкиот театар за свадби, односно дека за вакви настани обично се изнајмува Музејот на вода во Заливот на коските.

    На 17 јуни, за роденденската прослава на 27-годишнината од формирањето на ВМРО-ДПМНЕ, партијата за изнајмување на терасата на Музејот на ВМРО, на оваа установа ѝ плати 400 евра за два часа.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира