ВМРО-ДПМНЕ ПОДНЕСЕ КРИВИЧНА ПРИЈАВА ПРОТИВ ЏАФЕРИ И КОСТОВСКИ ПОРАДИ ЗАКОНОТ ЗА ЈАЗИЦИ ВО „СЛУЖБЕН ВЕСНИК“

    ВМРО-ДПМНЕ ПОДНЕСЕ КРИВИЧНА ПРИЈАВА ПРОТИВ ЏАФЕРИ И КОСТОВСКИ ПОРАДИ ЗАКОНОТ ЗА ЈАЗИЦИ ВО „СЛУЖБЕН ВЕСНИК“ВМРО-ДПМНЕ ја поднесе кривичната пријава оти смета дека претседателот на Собранието Талат Џафери, заменик-генералниот секретар на Собранието Неџбели Ибраими и директорот на Службен весник Мартин Костовски извршиле кривични дела со што ја злоупотребиле службената положба и овластување и го загрозиле уставниот поредок и безбедноста на државата.;- Џафери на Фејсбук го најави објавувањето на Законот во Службен весник (Фото: Фејсбук на Талат Џафери)

    ВМРО-ДПМНЕ поднесе кривична пријава против претседателот на Собранието Талат Џафери, заменик-генералниот секретар на Собранието Неџбели Ибраими и директорот на Службен весник Мартин Костовски, поради основано сомнение дека извршиле кривични дела злоупотреба на службена должност и овластување, злосторничко здружување и саботажа.

    Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Игор Јанушев рече дека ја поднесуваат пријавата бидејќи сметаат оти Џафери, Ибраими и Костовски извршиле кривични дела со што ја злоупотребиле службената положба и овластување и го загрозиле уставниот поредок и безбедноста на државата.

    „Истите на нечесен и подмолен начин, спротивно на Уставот и законите овозможиле објавување на законот за двојазичност без потпис од Претседателот на Републиката, со што се воведува неуставна двојазичност“, рече Јанушев на прес-конференција.

    Претседателот на Собранието Талат Џафери на 14 јануари во Службен весник го испрати Законот за употреба на јазиците, кој претседателот Ѓорге Иванов одби да го потпише иако беше донесен по вторпат на 14 март 2018. Со овој Закон, албанскиот јазик ќе се употребува рамноправно во сите општини и во органите на државната управа, на чело со Собранието и Владата.

    Г. ТРПЕНОВСКИ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира