ВМРО-ДПМНЕ ПРОТЕСТИРАШЕ ЗА ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ

    ВМРО-ДПМНЕ ПРОТЕСТИРАШЕ ЗА ГОЦЕ ДЕЛЧЕВЛидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски ја обвини власта дека сака да го продаде Гоце Делчев. - Од денешниот протест (Фото: К. Попов)

    По двата протеста против покачувањето на цената на струјата, ВМРО-ДПМНЕ денеска повторно протестираше на улиците на Скопје, овојпат под мотото „За ЕУ, За Македонија, за Гоце Делчев“.

    Говорејќи на протестот, лидерот на најголемата опозициска партија Христијан Мицкоски ja обвини власта дека сака да го продаде Гоце Делчев „за да можат да си поделат уште некоја лиценца за производство на марихуана, нови зделки со бизнисмени со сомнително потекло на капиталот, за нова урбана мафија, да диктираат судски пресуди, да го ограбуваат народот“.

    Тој вели дека не смее да се преговара и да има отстапки околу Гоце Делчев.

    На протестот настапи и Александар Пандов, претседател на Патриотскиот институт на ВМРО-ДПМНЕ, кој ја пееше навивачката песна „Излези момче право на тераса“.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира