Лицемерно е барањето на ВМРО-ДПМНЕ да продолжи расправта за разрешување на Јавниот обвинител Марко Зврлевски по одржувањето на локалните избори, рече пратеникот на СДСМ Петар Шилегов на денешната прес-конференција во Собранието.
Тој додаде дека одредбите што ги цитираат партениците на опозицијата се однесуваат за извршната власт, а не за Собранието.
„Очајнички е обидот на ВМРО-ДПМНЕ да ги закочат реформите. Знаат дека ги чека жешка есен. Изборниот законик важи за извршната власт, а не за Собранието. Поднесуваат незаконска интерпелација. ВМРО-ДПМНЕ сака за се зборува за сѐ, освен за кривничната одговорност на раководството на партијата“, рече Шилегов.
ВМРО-ДПМНЕ САКА ДА ЗБОРУВА ЗА СЀ, ОСВЕН ЗА КРИВИЧНАТА ОДГОВОРНОСТ НА РАКОВОДСТВОТО, ВЕЛИ ШИЛЕГОВ
7 август 2017
Скопје, (САКАМДАКАЖАМ.МК)