ВМРО-ДПМНЕ, ТМРО И ЛЕВИЦА ПОДНЕСОА 27 ТУЖБИ ДО УПРАВНИОТ СУД ЗА ЛОКАЛНИТЕ ИЗБОРИ

    ВМРО-ДПМНЕ, ТМРО И ЛЕВИЦА ПОДНЕСОА 27 ТУЖБИ ДО УПРАВНИОТ СУД ЗА ЛОКАЛНИТЕ ИЗБОРИУправниот суд има рок од 48 часа во кој треба да донесе одлука по тужби. - Од гласањето во првиот круг од локалните избори (Фото: Ѓ. Личовски)

    До Управниот суд се поднесени 27 тужби против решенијата на Државната изборна комисија за приговорите за првиот круг од локалните избори, соопшти утринава судот. Најмногу тужби поднела ВМРО-ДПМНЕ – 24, две жалби се од ТМРО и една од Левица. Рокот за поднесување тужби за одбиените приговори од ДИК истече денеска во 11 часот.

    Управниот суд има рок од 48 часа во кој треба да донесе одлука по тужби. По тужбите ќе одлучуваат пет судечки совети, составени од петмина судии од Управниот суд, избрани со жрепка. Тужбите електронски им се распоредуваат на судиите, а одлучувањето ќе биде на јавни седници.

    Првиот круг од локалните избори се одржа на 15 октомври, а ДИК ги одби сите 47 приговори. Вториот круг од локалните избори ќе се одржи на 29 октомври.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира