ВМРО-ДПМНЕ има предност од околу 13 илјади гласови на територијата на цела Македонија по пребројани околу 70 отсто од гласовите, според резултатите на партиските штабови.
ВМРО-ДПМНЕ има освоени 333 илјади, наспротив 320 илјади гласови на СДСМ. Предноста на владејачката партија е најголема во третата изборна единица и изнесува околу 17 илјади гласови, додека СДСМ има најголема предност во првата изборна единици, со над 13 илјади гласови.
Најизрамнето е во петтата изборна единица кадешто и двете партии имаат нешто над 57 илјади гласови. Во четворката, кадешто се соочуваат лидерите на двете партии, Никола Груевски и Зоран Заев, ВМРО-ДПМНЕ има освоено 73 илјади, а СДСМ 68 илјади.