ВО БЕЛГРАД ПОЧИНА 24-ГОДИШНИОТ СТОЈАНЧЕ СТЕФАНОВ, 62. ЖРТВА НА ПОЖАРОТ ВО КОЧАНСКАТА ДИСКОТЕКА

    ВО БЕЛГРАД ПОЧИНА 24-ГОДИШНИОТ СТОЈАНЧЕ СТЕФАНОВ, 62. ЖРТВА НА ПОЖАРОТ ВО КОЧАНСКАТА ДИСКОТЕКАВо пожарот загинаа 62 лица, од кои 4 деца, а беа повредени 193, од кои 25 деца. (Фото: Ѓ. Личовски)

    Во Белград почина 24-годишниот Стојанче Стефанов од Кочани, кој беше еден од повредените во пожарот во кочанската дискотека „Пулс“ на 16 март , соопшти Министерствoто за здравство. Стефанов е 62 жртва во пожарот, од кои 6 деца, а беа повредени 193, од кои 25 деца.

    „Согласно формации од Воено медицинската академија (ВМА) во Белград, денеска претпладне, за жал, подлегна на повредите Стојанче Стефанов од Кочани, роден 2001 година. Станува збор за пациент, кој од првиот ден, согласно извршената првична тријажа од медицинските тимови е веднаш упатен на лекување во ВМА во Белград и кој беше интубиран и во критична состојба во изминатиот месец. Станува збор за пациент со 27 отсто зафатеност со изгореници и сериозни повреди од вдишување на чад“, вели Министерството.

    Во ВМА е опериран на 4 април и бил поставен на ЕКМО апарат, преку кој се оксигенира крвта преку машина, заради вдишаниот чад. Но, поради сериозноста на повредите, тој поголем дел од хоспитализацијата бил нестабилен и во тешка општа состојба.

    Над 60 лица досега се под истрага за пожарот во диското. Под истрага се сите полициски инспектори, началници и командири кои од 2012 година наваму давале одобрение кочанската дискотека „Пулс“ да добие лиценца за работа од Министерството за економија, соопштија МВР и Јавното обвинителство. Сите се осомничени за кривичните дела Тешки дела против општата сигурност и Предизвикување општа опасност. Шестмина од осомничените се лишени од слобода, по едно лице се трага, а тројца веќе се наоѓаат во притвор за други дела. Судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје вчера определи мерки на претпазливост за седуммина од новоосомничените.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира