ВО ЕДЕН ДЕН ТРАНСПЛАНТИРАНИ СРЦЕ, ЦРН ДРОБ И ДВА БУБРЕГА ОД ПОЧИНАТ ДАРИТЕЛ

    ВО ЕДЕН ДЕН ТРАНСПЛАНТИРАНИ СРЦЕ, ЦРН ДРОБ И ДВА БУБРЕГА ОД ПОЧИНАТ ДАРИТЕЛРано утрово од еден дарител беа експлантирани четири органи во еден акт. (Фото: Министерство за здравство)

    Четириесетгодишен пациент од Скопје рано утрово доби ново срце од починат дарител. Министерството за здравство соопшти дека за првпат во историјата на македонското здравство, утрово од еден дарител беа експлантирани четири органи во еден акт.

    „Нова шанса за живот и црн дроб доби пациент со хронична црнодробна болест, а двајца пациенти на дијализа во текот на денот ќе добијат бубрези. Дополнитено шанса за поквалитетен живот наредниве денови ќе добијат пациенти со коскени заболувања.
    Уште еднаш благодарност до семејството на донорот кои со нивната несебична одлука ни донесоа утро полно надеж и верба во безусловна добрина“, вели Министерството, заблагодарувајќи се и на сите медицински тимови кои работеа изминативе 24 часа и сѐ уште работат на скопските Хируршки и Интерни клиники.

    Лани имаше трансплантации и на 10 бубрега од починат дарители, 2 срца кај тешки пациенти и извршени 10 инплантации на коскени ткива. За последниве две години тоа се вкупно 8 срца, 30 бубрези, 20 коскени ткива.

    Првата трансплантација на црн дроб се случи на 24 ноември лани, а втората на 4 јануари годинава.

    Б. НЕСТОРОСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира