ВО ЈАВНИОТ СЕКТОР ИМА 3.722 ПОМАЛКУ ВРАБОТЕНИ ОД 2021, ВО МНОГУ ИНСТИТУЦИИ НЕМА ПРАВИЧНА ЗАСТАПЕНОСТ, КАЖА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ЗИБЕРИ

    ВО ЈАВНИОТ СЕКТОР ИМА 3.722 ПОМАЛКУ ВРАБОТЕНИ ОД 2021, ВО МНОГУ ИНСТИТУЦИИ НЕМА ПРАВИЧНА ЗАСТАПЕНОСТ, КАЖА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ЗИБЕРИСпоред Зибери, кога одредени институции  распишуваат огласи за вработување, наведуваат од која етничка припадност треба да биде кандидатот, но не го почитуваат начелото на правична застапеност при реализација на огласите. (Фото: К. Попов)

    Бројот на вработени во јавниот сектор во 2022 е намален за 3.722 во споредба со 2021, кога вкупниот бројот на вработени изнесувал 134.099 лица, додека сега тој број е 130.377 лица, рече денеска Народниот правобранител Насер Зибери, презентирајќи ги Посебниот извештај за следењето на примената на начелото на соодветна и правична застапеност во јавниот сектор, во органите, институциите, установите, јавните претпријатија и локалната самоуправа, како и претставувањето на Посебниот извештај/анализата на податоците за половата и образовна застапеност во јавниот сектор за 2022.

    Зибери додаде дека е за поздравување намалувањето на вработени во јавниот сектор, оти тоа е според препораките на Европската Унија.

    Извештајот за правична застапеност покажува дека во однос на 2021, во 2022 на збирно ниво забележано е намалување на бројот на вработени од македонската заедница за 0,9 %, кога таа била застапена со 71,9%. Кај албанската заедница изминатата 2022  забележано е зголемување на бројот на вработени во јавниот сектор за 0,8%, за разлика од 2021 кога таа била застапена со 20,6% од вкупниот број на вработени, што значи дека денес е застапена со 21,4%. Турската заедница бележи пораст од 0,1% во вкупниот број на вработени во јавната администрација, за разлика од минатата година кога нивниот број бил 2,0%, денес е 2,1%.

    Констатација на Народниот правобранител е дека скоро сите помалубројни заедници се застапени со скоро идентичен процент на вработени како и изминатите години, што значи дека институциите не ги почитуваат во целост препораките на Народниот правобранител, а со тоа и не ги спроведуваат одобрените годишни планови за вработување во кои е изразена етничката застапеност и спроведување на уставното начело на соодветна и правична застапеност.

    За потребите на ова истражување Народниот правобранител, за 2022 достави барање до вкупно 1.325 институции и органи, по кои барања за првпат оваа година, добиени се одговори од сите нив во електронска форма што е за поздравување.

    Извршената анализа на прибраните податоци покажува дека мал е бројот на институции и установи, единици на локалната самоуправа и субјекти формирани од нивна страна, кои во 2022 имаат солиден учинок во остварувањето на начелото на соодветна и правична застапеност, за разлика од оние кои не ги задоволуваат законски пропишаните норми и кои отстапуваат на сите полиња.

    Карактеристично за овие институции е дека имаат вработено лица само од мнозинската, а кај некои и од втората по големина етничка заедница, и немаат вработено лица од помалите заедници, или пак, имаат вработено само мал број, при што не постои одредена процентуална застапеност посебно во раководниот кадар на помалите заедници.

    „Минатата година при објавување на годишниот извештај ги потенцирав некои од институциите кои минатата година беа истакнати како лош пример за непочитување на принципот на соодветна и правична застапеност а кај кои по укажаните препораки на Народниот правобранител се забележаа подобрување на резултатите. Оваа година ќе ги спомнам институциите по области како на пример Обвинитеслството: Aлбанци 14 %, Турци 2,5, Роми 05%,), судството (Албанците 15 %, Турци 1.3 %, Роми 1.%), социјалната заштита, самостојни државни органи, како агенции, дирекции, комисии и така натаму (Агенција за филм 0%, Биро за застапување на пред Европскиот суд за човекови права %, Агенција за радиациона сигурност 0%, Совет за унапредување на и днадзор над ревизијата, 0%, Центар за развој на Скопскиот плански регион).
    Посебно сакам да истакнаам загриженост за неспроведување на оваа уставна и законска обврска во здраВствениот сектор (17 % албанци, само 1,5 % турци, 1 % роми 0.6 власи)“, кажа Зибери.

    Минатогодишните констатации дека состојбата е неповолна во Уставен Суд, Основен Кривичен Суд, Апелационен суд Скопје, Основно Јавно обвинителство Скопје, Академија за судии и јавни обвинители, МАНУ (1 %), Музеи, Служба за општи и заеднички работи (5.6%), Акционерско друштво за стопанисување со стамбен и деловен простор (2.6 %), МЕПСО (9%), Агенција за филм, Агенција за администрација (7%), , Агенција за енергетика (0%), Национална агенција за европско образование, Биро за застапување на РСМ во Европскиот суд за човекови права, Институт за фолклор, остануваат и оваа година.

    Според Зибери, кога спомнатите институции  распишуваат огласи за вработување, наведуваат од која етничка припадност треба да биде кандидатот,  но не го почитуваат начелото на правична застапеност при реализација на огласите.

    Што се однесува до податоците за полова и образовна застапеност, истите укажуваат дека оваа година во субјектите на јавниот сектор има 130.377 вработени лица, од кои 66.303 се мажи (50,85%), додека 64.074 се жени (49,15%). Претходно направенот извештај за 2021 година покажа дека од вкупно 134.099 вработени во испитаните јавни субјекти, 69.014 се мажи (51,46%), а 65.085 (48,54%) се жени. Ваквиот приказ на состојбите значи мал напредок во остварување на половата еднаквост меѓу жените и мажите, што во проценти искажано е зголемување 0,61% за разлика од 2021 година, кога жените беа застапени со 48,54%.

    Во однос на избрани и именувани лица, констатација на Правобранителот е дека застапеноста на женскиот пол во институциите изнесува 846 (43,10%), додека застапеноста на машкиот пол е 1.117 или (56,90%). Соодносот меѓу жените и мажите кај раководните работни места во институциите изнесува 4.551 (48,00%) жени, додека застапеноста на машкиот пол изнесува 4.931 (52,00%). И оваа година малку е подобрен соодносот кај нераководните работни места, каде што застапеноста на женскиот пол изнесува 58.677 (49,34%), додека застапеноста на машкиот пол изнесува 60.255 (50,66%).

    „Заклучокот е дека е помал бројот на вработени жени во однос на мажи, а нивниот број е помал и на раководни работни места. Единствено поголем е бројот на жените со високо образование во јавниот сектор во однос на мажите, но сепак мажите се побројни во однос на жените како избрани и именувани лица, но и на раководните работни места.
    Констатација дека имаме приближување на соодносот меѓу жени и мажи на врботувања во јавниот сектор во категоријата на нераководни работни места, што е знак на рамноправност и еднаков третман на двата пола при вработување на овие извршителски позиции“, кажа Зибери.

    Тој ги повикува сите надлежни служби да обратат внимание на половиот аспект, како и сите надлежни субјекти да воспостават ситем на квалитетно спроведување и вработување, со јасни и прецизни правила, кои нема да дозволат злоупотреба.

    Б. НЕСТОРОСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира