ВО КЛАСТЕРОТ ФУНДАМЕНТИ СМЕ ПОПОДГОТВЕНИ ОД СРБИЈА И ЦРНА ГОРА КОИ ВЕЌЕ СО ГОДИНИ ПРЕГОВАРААТ ЗА ЧЛЕНСТВО ВО ЕУ, ВЕЛИ ДИМИТРОВ ЗА ИЗВЕШТАЈОТ НА ЕВРОПСКАТА КОМИСИЈА

    ВО КЛАСТЕРОТ ФУНДАМЕНТИ СМЕ ПОПОДГОТВЕНИ ОД СРБИЈА И ЦРНА ГОРА КОИ ВЕЌЕ СО ГОДИНИ ПРЕГОВАРААТ ЗА ЧЛЕНСТВО ВО ЕУ, ВЕЛИ ДИМИТРОВ ЗА ИЗВЕШТАЈОТ НА ЕВРОПСКАТА КОМИСИЈАОд аспект на подготвеност во 90 проценти од областите имаме делумна или добра подготвеност за членство“, изјави Димитров. (Фото: СДК.МК)

    Вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров кажа дека сме подобро оценети од Србија и Црна во областите и поглавјата од Кластерот 1 – фундаменти, според првичната анализа на извештајот на Европската комисија за напредокот на Македонија, објавен вчера.

    „Имаме најголема подготвеност со средна оценка од 3,02 во областите и поглавјата од Кластерот 1 – темели/фундаменти, дури и во однос на земјите кои повеќе години преговараат за членство. Србија со средна оценка од 2,68 и Црна Гора со средна оценка од 2,83. Ова го покажува првичната анализа на Извештајот на ЕК за напредокот на земјата“, изјави Димитров на заедничката прес-конференција со евроамбасадорот Дејвид Гир.

    Во Кластерот 1 спаѓаат економските критериуми, реформа на јавната администрација, функционирањето на демократските институции, судски и основни права, правда, слобода и безбедност, како и финансиска контрола.

    Димитров вели дека не го кажува ова за да се фалиме колку сме направиле, туку во насока да има еден вид реформски натпревар во регионот.

    Во Кластерот 3 – конкурентност и инклузивен раст, Димитров рече дека сме на исто рамниште со Црна Гора и со Србија, кои веќе со години преговараат за членство во ЕУ. Исто сме оценети со Србија и во Кластерот 4 – зелена агенда и одржлива поврзаност, а во Кластерот 5 – ресурси, земјоделство и кохезија сме подобро оценети од Србија и Црна Гора.

    „Оценката за вкупната подготвеност на земјата за 2021 година е 3,11 или описно – добро ниво на подготвеност. Од аспект на остварениот напредок, задржано е темпото на напредок или има подобрување во 20 од вкупно 30 области, додека во останатите десет има помал напредок, во однос на напредокот во минатиот извештај. Од аспект на подготвеност во 90 проценти од областите имаме делумна или добра подготвеност за членство“, изјави Димитров.

     

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира