ВО МАКЕДОНИЈА СЕ ЖИВЕЕ ПОДОЛГО ОД РОМАНИЈА И БУГАРИЈА, ЖЕНИТЕ ИМААТ ПОДОЛГ ЖИВОТЕН ВЕК ЗА 4,5 ГОДИНИ

    ВО МАКЕДОНИЈА СЕ ЖИВЕЕ ПОДОЛГО ОД РОМАНИЈА И БУГАРИЈА, ЖЕНИТЕ ИМААТ ПОДОЛГ ЖИВОТЕН ВЕК ЗА 4,5 ГОДИНИСпоред податоците на Евростат, просечниот животен век во Македонија е повисок од Романија и Бугарија, кои се членки на ЕУ од 2007 година. (Фото: СДК.МК)

    Просечниот животен век во Македонија е 73,2 години, според податоците на Евростат, Генералниот директорат на ЕУ за статистика, за 2022 година. Жените во Македонија просечно живеат подолго од мажите за речиси 4,5 години. Просечниот животен век на жените е 75,5 години, додека на мажите е 71,1 години.

    Според податоците на Евростат, просечниот животен век во Македонија е повисок од Романија и Бугарија, кои се членки на ЕУ од 2007 година. Во Романија, просечниот животен век е 72,8 години, додека во Бугарија е 71,4 години.

    Изминатата деценија, просечниот животен век во ЕУ растел со стабилно темпо до 2019 година, кога просечниот животен век бил 81,3 години. Оттогаш, 2020 и 2021 година имало намалување на просечниот животен век.

    Во 2021 година, просечниот животен век бил 80,1 години. Просечниот животен век на жените во ЕУ е 81,9 години, што е 5,7 години повеќе од мажите, кои имаат просек од 77,2 години.

    Најголема разлика во просечниот животен век меѓу мажите и жените има во Летонија, каде што просечниот животен век на жените е за 9,8 години поголем.

    Од другите статистички податоци, во Ирска, Грција, Данска, Финска и Бугарија, најмалку од 30 отсто од населението живее во главниот град. Во Италија, Полска и Германија, помалку од 10 отсто од популацијата живее во главниот град, а најмалку во Берлин (4,4 отсто).

    Голем процент од населението во неколку земји живее во региони, познати по бизнис и културните активности, како Каталонија во Шпанија, Диселдорф во Германија и Кампања во Италија.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира