ВО НАЈНОВА АКЦИЈА ЗА ПООБЕМЕН ФИНАНСИСКИ КРИМИНАЛ, ОБВИНИТЕЛСТВОТО И МВР ЦЕЛ ДЕН И НОЌВА ВРШАТ ПРЕТРЕСИ И АПСАТ НИЗ МАКЕДОНИЈА

    ВО НАЈНОВА АКЦИЈА ЗА ПООБЕМЕН ФИНАНСИСКИ КРИМИНАЛ, ОБВИНИТЕЛСТВОТО И МВР ЦЕЛ ДЕН И НОЌВА ВРШАТ ПРЕТРЕСИ И АПСАТ НИЗ МАКЕДОНИЈА„Се обезбедуваат лица осомничени за злосторничко здружување, перење пари, даночна измама и даночно затајување од поголеми размери“, е единствената информација од обвинителството (Фото:СДК.МК)

    Обвинителството за организиран криминал и корупција попладнево кажа дека во тек е акција со МВР во која се врши претрес на повеќе места во Македонија, се собираат докази, се запленуваат предмети и се апсат лица за финансиски криминал од поголеми размери, но најавеното соопштение изостана, зашто претресите уште траат.

    „По наредба на надлежен обвинител, се врши претрес на повеќе локации низ државата и се обезбедуваат лица осомничени за злосторничко здружување, перење пари, даночна измама и даночно затајување од поголеми размери“, е единствената информација во врска со најновата акција.

    Деталите за акцијата, за сторениот криминал и за приведените лица, ќе бидат соопштени утре, петок.

    Неофицијално, познати имиња од бизнисот, политиката, локалната самоуправа, немало овојпат меѓу уапсените за големиот финансиски криминал со кој е оштетена државата. Како и досега, најверојатно се апсат и вработени во УЈП, без кои по се изгледа фирмите и поединците, не можат да ги вршат овие кривични дела.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира