ВО ПОЖАРОТ ВО КОЧАНИ ПОЧИНА АНДРЕЈ ЃОРЃИЕСКИ, ВОКАЛОТ НА ГРУПАТА „ДНК“, ГО ИДЕНТИФИКУВАЛА СОПРУГАТА

    ВО ПОЖАРОТ ВО КОЧАНИ ПОЧИНА АНДРЕЈ ЃОРЃИЕСКИ, ВОКАЛОТ НА ГРУПАТА „ДНК“, ГО ИДЕНТИФИКУВАЛА СОПРУГАТАПријател на Ѓоргиевски вели дека сопругата Наталија го идентификувала по часовникот кој го носел. (Фото: Фејсбук)

    Андреј Ѓорѓиески, вокалот во ДНК, почина во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани каде ноќеска настапуваше со групата, потврди за САКАМДАКАЖАМ.МК близок пријател на музичарот. Пријател на Ѓоргиевски вели дека сопругата Наталија го идентификувала по часовникот кој го носел. Тој беше татко на десетгодишна ќерка.

    Владимир Блажев и Андреј Ѓорѓиевски помагаа на социјално загрозени семејства со сметки за струја и комуналии и храна. Последно, помогнаа на Берк Лимани од скопската населба Ѓорче Петров,  кому му ја платија сметката за струја од 46.000 денари, како што објавија на нивниот фејсбук профил.

    Во пожарот во кочанската дискотека починаа и тапанарот на ДНК Ѓорги Ѓоргиев од Струмица и Сара Пројковска, професорка по пијано на ФМУ и придружен вокал во бендот. а повреден е Владимир Блажев-Панчо од групата, кој има изгореници на лицето и на раката и е на кислородна поддршка, хоспитализиран на Клиничкиот центар во Скопје. Почина и  Александар Ефремов, фотограф на бендот ДНК, а меѓу загинатите е и директорот на Центарот за култура „Ацо Шопов“ и гитарист Филип Стевановски.

    М. ЏАРОВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира