ВО СЕКОЕ МИНИСТЕРСТВО ЌЕ БИРАМЕ НАЈДОБАР АДМИНИСТРАТИВЕЦ, НАЈАВИ ВИЦЕПРЕМИЕРОТ НИКОЛОВСКИ

    ВО СЕКОЕ МИНИСТЕРСТВО ЌЕ БИРАМЕ НАЈДОБАР АДМИНИСТРАТИВЕЦ, НАЈАВИ ВИЦЕПРЕМИЕРОТ НИКОЛОВСКИЌе биде отворен кол центар за пријавување корупција, но и за непостапување на администрацијата по предмети од граѓани. (Фото: Влада)

    Преку кол центар граѓаните ќе можат да пријавуваат корупција, но и непостапување на администрацијата по нивните барања и предмети. Ова денеска го најави вицепремиерот за борба против корупција на прес-конференцијата најавувајќи ги проектите за оваа година „Европски стандарди дома преку Акција 21“.

    „Новата 2021 година ќе биде антикорупциска година, ќе почнеме кампања за подигнување на свеста кај граѓаните и запознавање со механизмите за спротивставување кои им стојат на располагање. Ќе воведеме кол центар за пријавување на корупција. Преку  него правните и физичките лица ќе може да пријават и ненавремено постапување на надлежните институции во однос на барања, решенија, за сето она што тие треба да им служат“, рече Николовски.

    Тој најави дека работата на административците ќе биде оценувана и надгледувана, а во секое министерство ќе се избира административец на годината.

    Годинава  како што најави Николовски ќе биде воспоставен нов електронскиот систем за инспекција, т.н. е-инспектор, со кој ќе се поврзат сите 28 инспекциски служби под капата на Инспекцискиот совет.

    „Со овој систем ќе се намали субјективното влијание на секој инспектор, дали, каде и каква контрола ќе врши“, рече Николовски.

    А. АНТЕВСКА

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира