ВО СКОПЈЕ ПАК БЕСПЛАТЕН АВТОБУСКИ ПРЕВОЗ ОТИ ВОЗДУХОТ Е ЗАГАДЕН

    ВО СКОПЈЕ ПАК БЕСПЛАТЕН АВТОБУСКИ ПРЕВОЗ ОТИ ВОЗДУХОТ Е ЗАГАДЕНДва дена по ред загадувањето со ПМ10 честички е над 200 микрограми на кубен метар, поради што Градот воведе итни мерки за намалување на загадувањето (Фото:Ѓ.Личовски)

    Од денес превозот во автобусите на ЈСП „Скопје“ и приватните превозници е бесплатен, оти стапија на сила итни мерки за намалување на аерозагадувањето, откако два дена по ред загадувањето на воздухот беше над дозволеното, односно над 200 микрограми на кубен метар.

    Покрај бесплатниот превоз стопирани се сите градежни активности на градилиштата надлежност на Град Скопје.

    Градските власти апелираа до граѓаните да не ги користат возилата без потреба, повеќе лица да се возат во едно возило, да се користи јавниот превоз, за затоплување на домовите да не се користат отпадни материјали, прегорено машинско масло, лакирани и обоени отпадоци од дрво, стиропор, ПЕТ амбалажа, гуми и каков било синтетички материјал, да се користи суво и чисто дрво без примеси од земја и од отпадоци, печките на дрво да се користат и одржуваат според упатствата на производителот.

    Со вонредните мерки се опфатени и градежните компании кои треба редовно да ги измиваат градежните возила при излез од градилиштето, а транспортот на градежните возила и машини да се прави во 7.30 часот.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира