Нема прием на ниту еден пациент со компликации од ковид-19 во изминатото деноноќие во о скопските Ковид-центри., вели Министерството за здравство. Во Скопје вкупно се лекуваат 46 болни, од кои 7 се во Ковид-центарот на Институтот за ТБЦ, во Градската општа болница (ГОБ) „8 Септември“ има 14 болни, а на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби лежат 25 пациенти.
Во изминатите 24 часа дома е пуштен еден оздравен пациент.
Вкупно ковид дијагностицирани лица во земјава од почетокот на епидемијата се 155.418, оздравени се 149.496, починаа 5.458, а активни случаи се 464.
„Бројот на приеми во изминативе денови се намалува и утрово до 8 часот имало 90 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места“, додаваат од Министерството.
Во болниците низ земјава лежат вкупно 80 пациенти. Во болницата во Битола се хоспитализирани 10 пациенти, во Штип се хоспитализирани 9 пациенти. На Инфективното одделение во Тетово има 2 пациенти, во Велес се лекуваат 10 болни, а во Куманово 15 пациенти. Во Ковид-центарот во Охрид има хоспитализирано 5 пациенти, во Прилеп 4, во Гостивар 9, а во Струга 5 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 9 пациенти, во Кичево 2 и во Кавадарци и во Гевгелија нема хоспитализирано лица позитивни и суспектни на коронавирусот.